Романо открива: Мбапе само од потписот ќе добие над 100 милиони евра

243

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе следното лето ќе го напушти ПСЖ. Спортските медиуми и инсајдерите тоа го најавуваат со месеци, а тоа го потврди и тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

„Изгледа дека блиската иднина на Килијан не е тука во Париз, па мораме да ја тестираме тактиката. Нему не му треба тренер, тој е играч кој ќе даде 50 гола во сезона и ќе собере 25 асистенции, без да му кажеш. Тој е најдобриот играч на светот во последната третина од теренот“, изјави Енрике.

Најизвесно е дека Мбапе (25) на лето најверојатно ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч. Сезонава постигна 38 гола на 37 натпревари и се очекува да биде лидер на тимот во Мадрид, а Фабрицио Романо тврди дека веќе се договорени главните детали од договорот.

Италијанскиот трансфер инсајдер на својот блог пишува дека годишната плата на Мбапе ќе биде во ист опсег со онаа на другите главни асови на тимот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, која со различни бонуси изнесува околу 24 милиони евра годишно.

Но, тоа не се единствените пари што ќе ги добие Мбапе. Бидејќи во неговиот трансфер нема да има обештетување на друг клуб, се очекува таксата за потпишување на договорот да биде над 100 милиони евра. Реал нема да мора веднаш да му ја исплати таа неверојатна сума, туку на рати додека трае договорот.

ПретходноВориорс му ја скроија судбината на Мемфис, Дурент го прескокна Шекил, дербито за Бостон (ВИДЕО)
СледноМакедонија до 16 загуби од Австрија на првата контролна пресметка