Се „смешка“ ново ЕП, ракометарите ги добија противниците!

607

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

„Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 1, заедно со Словенија,Литванија и Естонија. Ова друштво ветува нов пласман на големата европска сцена.

Според системот за натпреварување на континенталното натпреварување место ќе обезбедат првите две најдобро пласирани репрезентации од осумте групи и четирите трета најдобропласирани селекции.

Македонската ракометна репрезентација има осум учества на Европските првенства, преку овие квалификации ќе го бара деветото.

ПретходноЧави ќе ја води Барса на Ел Класико, суспендиран само на два меча!
СледноПознат е возниот ред: Ракометарите стартуваат против Естонија на домашен терен!