У-21 Македонија славеше против Гибралтар: Редно беше и четата на Цапар да победи! (ФОТО)

456

Попладнево на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од квалификациската група -Ц за пласман на ЕП 2025, У-21 Македонија успеа со 1:0 да го победи Гибралтар. Редно беше и четата на селекторот Драган Канатларовски – Цапар да слави три бода по серијата од три порази по ред во овие квалификации.

Стрелец на голот беше Абази во 52.минута откако Николов нафрли од корнер.

Бледо прво полувреме за нашите момци. Имаа посед, се трудеа, имаа и идеална шанса преку Лука Станковски и закани преку Тодоровски и Максимов, сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Да кажеме дека поради повреда Тодоровски мораше да излезе а место него во игра влезе Николов.

И токму тој му асистираше на Абази во таа 52.минута за наше водство од 1:0, една минута претходно тој имаше шанса за гол.

По тој нашите ја контролираа играта, во 75.минута Семовски, само што влезе, имаше одлична шанса за 2:0, но сепак ништо од удвојување на водството.

Нешто подоцна и Абази имаше зицер за 2:0, но пак ништо.

На крајот Македонија со конечни 1:0 против Гибралтар.

Селекторот Драган Канатларовски им даде шанса на овие единаесетмина да го започнат натпреварот:

Алчевски, Деспотовски, Фетаи, Стојчевски, Рамадани, Тодоровски, Златков, Станковски, Крстевски, Абази, Максимов.

Играа уште и Николов, Семовски, Калкан, Димитриевски, Чилафи.

Во вторник, исто на Арената во Скопје, Македонија ја дочекува селекцијата на Шведска.

Инаку нашите надежи имаа подршка од У-19 селекцијата на Македонија која вчера во рамките на елитните квалификации за пласман на ЕП, беа поразени од Украина.

ТАБЕЛА – ГРУПА Ц

1.Холандија 18 (6 меча)

2.Грузија 10 (5)

3.Шведска 7 (5)

4.Молдавија 6 (6)

5.Македонија 6 (5)

6.Гибралтар 3 (7)

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноПо примерот на големите клубови: Работнички сега има екипа и во Еспорт! (ФОТО)
СледноМногу нерви и пот за “голема“ победа над Гибралтар!