Комесарот на ФИБА Лигата на шампионите во кошарка, Патрик Комнинос, на денешната ждрепка за одредување на двојките за четвртфиналите објави дека овогодинешниот Фајнал-фор ќе биде организиран во Белград.
За првпат во историјата на кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА, Ф4 турнирот ќе се организира во Србија. Полуфиналето и финалето ќе се играат во Штарк Арената во Белград од 26 до 28 април.
И покрај тоа што има два германски тима во четвртфиналето, многумина сметаат дека најголем фаворит да го добие Ф4 турнирот е Франкфурт. Сепак, ФИБА одлучи поинаку и организацијатаму ја довери на Белград.