Штипјани први финалисти во одбојкарскиот Куп на Македонија

159

Одбојкарите на Штип УДГ се први финалисти во Купот на Македонија во одбојка. На завршниот турнир кој денеска почна токму во Штип, домашните одбојкари мотивирано влегоа на дуелот со Работнички 71&22 и успеаја во експресно брзо време да дојдат до максимална победа.

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ШТИП УДГ  0:3 (23:25, 20:25, 18:25)

Најнеизвесен беше првиот сет во кој скопјани одлично се држеа до самиот крај, но Штип УДГ ја искористи првата сет-топка и со 25:23 успеа да поведе со 1:0. Во вториот сет работите како да одеа многу полесно за домашните кои на крајот успеаја доминантно да го добијат со 25:20 за предност од 2:0.

Третиот сет веќе изгледаше на чиста формалност. Работнички 71&22 не успеа да се врати во игра, Штип УДГ одлично си ја одработи задачата и со најубедлива предност обезбеди победа за финале.

Противник на штипјани во неделниот финален меч ќе биде победникот од дуелот меѓу шампионот Струмица и екипата на Лирија кој се игра вечерва од 20 часот.

ПретходноСамо во Африка: Дали е ова голот на годината?(ВИДЕО)
СледноФранција сакаше да игра на ОИ со тројца кошаркари повисоки од 210 см во стартната петорка, ама Ембид го расипа планот!