Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Енис Барди, во пресрет на утрешниот меч со Молдавија, истакна дека нема веќе пријателски кога станува збор за репрезентацијата.
“Важно е да бидеме сконцентрирани и да ги искористиме овие пријателски за тоа што следува во Лигата на Нации. Овие два меча ќе послужат да видиме до каде сме и да ги исправиме грешките. Околу тактиката не сакам да говорам, тоа е работа на селекторот. Ние сме подготвени за секоја улога која тој ќе ни ја даде. Среќни сме што повторно сме заедно. Молдавија е сериозен противник, тоа ќе биде одличен тест за нас да видиме до каде сме“ рече покрај другото капитенот.