По примерот на големите клубови: Работнички сега има екипа и во Еспорт! (ФОТО)

230

По примерот на најголемите европски и балкански клубови, од раководството на клубот од Градски парк информираат дека ФК Работнички и официјално е дел од Еспорт.

No description available.

Од 25.март, Работнички Еспорт ќе учествува во најсилната балканска лига во режимот Е-фудбал 3 vs 3, во која ќе се натпреварува против најсилните еспорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена Звезда Будуќност, Марибор, Истра…

Натпреварите ќе се пренесуваат на ТВ Арена Еспорт секој понеделник со почеток во 20:00 часот. Тимот ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани.

ПретходноМОК прославува 32 години од своето постоење
СледноУ-21 Македонија славеше против Гибралтар: Редно беше и четата на Цапар да победи! (ФОТО)