Топурија во Грузија собира ордени и признанија, како херој дочекан и од Квича и другарите (ФОТО)

277

Шампионот во УФЦ во перолесна категорија Илија Топурија (15-0-0) е вистинска сензација во својата земја Грузија. Тој денеска се појави и пред стартот на бараж мечот на фудбалските репрезентации на Грузија и Луксембург во Тбилиси каде од Фудбалската федерација на својата земја доби на подарок дрес со бројот 1 потпишан од сите репрезентативци.

Топурија веќе неколку дена е во својата земја и ја добива поддршката на целиот грузиски народ. Денеска исто така го прими и Орденот на честа од претседателот на Грузија, а беше поздравен од полниот стадион во Тбилиси откако излезе на теренот со шампионскиот појас закачен на рамо.

ПретходноЛазаров: Имаме реални шанси да се пласираме на ЕП 2026
СледноСтрумица рутински го потврди местото во финалето на Купот на Македонија