Чави ќе ја води Барса на Ел Класико, суспендиран само на два меча!

140

И дефинитивно Чави Ернандез ќе ја води Барселона на Ел Класико против Реал Мадрид, откако денеска беше објавено дека стратегот на каталонците е суспендиран само два меча и тоа поради црвениот картон заработен на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Тоа значи дека тој ќе ги скокне мечевите со Лас Палмас и Кадиз, но затоа ќе биде на клупата на Ел Класико кој се игра на 21 април. Овој меч се игра на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Во меѓувреме до тоа мега дуел со “кралевите“ Барса ја чека двомеч од ЛШ против Мбапе и ПСЖ.

Јасно е дека на тие два меча со “светците“ Чави ќе ја води екипата на Барса со оглед на тоа дека суспензијата важи само за натпреварите во Ла Лига.

ПретходноМногу нерви и пот за “голема“ победа над Гибралтар!
СледноСе „смешка“ ново ЕП, ракометарите ги добија противниците!