Реми во Анталија: Молдавците со супер голот на Дамашчан ни ја “украдоа“ победата! (ФОТО)

385

Македонија – Молдавија 1:1 е епилогот од пријателската средба денеска во Анталија. Штета, бевме подобри, имавме водство, имавме и повеќе шанси, но сепак не успеавме да победиме.

По голот на Миовски за 1:0 во 45.минута, Дамашчан со супер гол во 82.минута просто ни ја “украде“ победата, но самите сме си виновни.

Ако е нешто добро од овој меч тогаш тоа е дека селекторот Благоја Милевски како што и најави, испроба повеќе играчи и повеќе варијанти.

Инаку оваа средба започна со закана на Атанасов уште во 3.минута, но тоа беше крајно непрецизно. Неколку минути подоцна Молдавците можеа да поведат откако Бабогло се најде пред нашиот гол, сепак Димитриевски беше на своето место.

Македонија имаше посед, сепак тоа не беше којзнае како квалитетно, се играше опуштено, типично пријателски. Сепак во 24.минута по асистенцијата на Барди можевме да поведиме но Елмас не реализираше зицер. Штета.

Како што се приближуваше крајот на првиот дел, Молдавците се охрабрија, почнаа да напаѓаат и имаа една добра шанса, но на пауза се замина со наше водство.

Се играше 45.минута кога Барди од далечина распали, голманот на Молдавците ја одби таа топка а Миовски покажа дека знае да дава голови и за Македонија. Супер Бојан рутински ја смести топката во противничката мрежа за 1:0 за Македонија.

ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

Со тој резултат се замина на пауза.

СУПЕР ГОЛ НА ДАМАШЧАН ЗА 1:1, ДЕБИ НА ЌАМИЛИ

Второто полувреме го започнавме со две измени. Митровски влезе во игра место Барди, а Димоски на местото на Алиоски.

И во 49.минута Елмас повторно беше во шанса откако убаво беше проигран од Митровски, но Дијамантот шутираше млако и тоа беше лесен плен за новиот голман на Молдавците, Коселев.

Македонија можеше да поведе со 2:0 во таа 56.минута кога Елмас го проигра Ристовски а овој си се намести, шутираше од околу 15-16 метри, но за малку непрецизно покрај левиот дирек на Молдавија. Се закани и Иљазовски со шут со глава, сепак и натаму резултатот беше само 1:0 за Македонија.

Во 77.минута на местото на стрелецот Миовски, во игра влезе Лири, Ќамили кој го имаше своето деби. И само по една минута откако влезе во огра, токму Ќамили шутираше, тоа беше шанса, но голманит на Молдавија го одбрани тој удар.

И тогаш од нигде никаде супер гол на Дамашчан и тоа со „ножички“ за 1:1. Штета, бевме подобри, имавме повеќе шанси, и тогаш доаѓа оваа атракција за израмнување. ATРАКТИВНИОТ ГОЛ НА ДАМАШЧАН ОВДЕ

Интересно, ова беше четврти меч меѓу Македонија и Молдавија и четврто реми.

Во понеделник, исто во Анталија се среќаваме со Црна Гора.

Пријателски натпревар во Молдавија

МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1:1 (1:0)

Комплекс “Мардан“ во Анталија. Стрелци: Миовски 45. (МАК), Дамашчан 82. (МОЛ). Ж. Картони: Серафимов (МАК), Платица (МОЛ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Иљазовски (88. Манев), Муслиу, Серафимов, Алиоски (46.Димоски), Атанасов, Барди (46.Митровски), Елмас, Чурлинов (63. Костадинов), М. Ристовски (63. Елези), Миовски.

Селектор: Благоја Милевски.

МОЛДАВИЈА: Раилеан (46. Коселев), Крачун, Мудрак (58.Платица), Посмак, Коџокару, Бабогло, Раца (80. Кајмаков), Ребчук, Мотцан (58.Николеску), Јоница (58. Дамасчан), Постолачи.

Селектор: Сергеј Клешченко.

No description available.

No description available.

 

No description available.

ПретходноШахтјор Доњецк казни фудбалер за „лајк“ на победата на Русија против Србија
СледноМЗТ беше пред победа, но ја испушти во финишот