Украина ја победи Босна и Херцеговина во Зеница (2:1) во полуфиналето од плеј-офот за ЕП. Домаќините беа во водство до 85. минута, а потоа гостите направија пресврт во последните три минути за голема победа. Тие во финалето од плеј-офот ќе играат против Исланд, кој го совлада Израел со 4:1.
По натпреварот, во центарот на вниманието се најде Михајло Мудрик (23), ѕвезда на Челзи и лево крило на Украина. Тој отиде на трибината со најгласните навивачи на Босна и Херцеговина и ги испровоцира покажувајќи на семафорот. Од трибините му возвратија со пцовки и навреди и фрлање со разни предмети кон него.
Домаќинот Јусуф Газибеговиќ веднаш притрча до Мудрик и му одржа лекција, а истото го направи и судијата со неколку украински играчи.
Моментот можете да го видите на следниот ЛИНК.
Во јануари минатата година Мудрик стана најскапиот фудбалер во историјата на Украина кога Челзи го купи од Шахтјор за 70 милиони евра наместени, но трансферот со бонуси може да изнесува 100 милиони евра.