Австралиското ГП викендов со 19, место со 20 болиди на стартниот грид

447

На стартот на aвстралиското ГП во недела рано наутро ќе има 19 наместо вообичаените 20 болиди. Причината е тоа што Александер Албон на слободниот тренинг удрил со болидот на Вилијамс и за жал, британскиот тим нема резервна шасија и мораше да го принуди вториот возач Логан Сарџент да се откаже од својот болид и истиот да му го препушти на Албон.

„Бидејќи болидот на Албон не може да се поправа, а немаме резервен автомобил, тимот одлучи до крајот на тркачкиот викенд Албон да биде во болидот на Логан Сарџент, кој нема да учествува на трката во Австралија. Оваа одлука ја донесовме врз основа на оценката дека ова е нашата најдобра шанса да дојдеме до бодови овој викенд“, соопштија од тимот.

ПретходноБарса го сака Феликс на позајмица и следната сезона, Атлетико бара каде да го продаде
СледноЕвролига: Шоу на Теодосиќ и Недовиќ за победа на Ц. Звезда