Во април женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ги одигра дуелите со Азербејџан и Литванија, а селекторот Кристијан Грчевски го објави поширокиот список.
На него има дури пет измени во однос на претходниот собир. Во сениорскиот тим повикани се Мифтари, Кралева, Миленкоска Гошевска и Трпеска. Од претходниот список отпаднаа неколку имиња, а најзвучно е отсуството на Сања Дабевска.
Селекцијата на Македонија прво гостува во Азербејџан (на 3 Април). Четири дена подоцна девојките на Грчевски ќе ја дочекаат Литванија, во натпревар кој ќе се одигра во 18:00 часот во Скопје.