Добро е: Тодоровски мина само со полесна повреда!

375

Добра вест за сите во нашата У-21 репрезентација, а посебно за Работнички. Имено играчот за врска Димитар Тодоровски, еден од клучните фудбалери на репрезентацијата до 21. година и на Работнички, не е потешко повреден. Напротив, тој минал со полесна повреда откако вчера во финишот на првиот дел на мечот У-21 Македонија – Гибралтар, беше удрен од страна на еден гостински играч. Веднаш му беше укажана лекарска помош а потоа беше повлечен од игра.

Се претпоставуваше дека станува за тешка повреда на коленото на десната нога. Но утринава информациите говорат, по деталните лекарски прегледи и извршена магнетна резонанца, дека станува само мало истегнување на медијалниот лигамент и дека тој може да игра и против Шведска во вторник.

Сепак нема да се ризикува и веројатно Тодоровски ќе го прескокне овој меч.

ПретходноОбрадовиќ: Хезоња дава тројки од „автомобил“
СледноСтоилковска запрена во четвртфиналето во Египет