Откако вчера како „бомба“ одекна веста дека по 70 години Германскиот фудбалски сојуз ја прекинува соработката со германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ и во иднина репрезентациите ќе играат со оперма на американскиот производител „Најк“, денеска стана познато колку Германскиот фудбалски сојуз ќе добие од Најк за новата соработка.
Според германски извори, договорот на ДФБ со американскиот бренд е вреден 100 милиони евра годишно, а ќе стапи на сила во 2027 година.
Тоа значи дека Американците дваат двојно повеќе пари во касата на Германија за разлика од „Адидас“ чиј договор беше вреден 50 милиони евра годишно.