И Лука Дончиќ делеше лекции во НБА-лига (ВИДЕО)

199

Со одличните игри во НБА-лига продолжува и Лука Дончиќ. Неговиот Далас славеше против Јута со 113-97, а Словенецот беше блиску до трипл-дабл, постигна 34 поени, имаше девет скока и осум асистенции.

Далас се бори за место во плеј-офот каде директен противник му е Феникс, имаат ист учинок од 41/29.

На останатите средби, Орландо славеше против Њу Орлеанс со 121-106, Вашингтон беше подобар од Сакраменто со 109-102, Хјустон ги совлада Чикаго со 127-117, Милвоки се врати на победите и беше подобар од Бруклин со 115-108, Феникс го порази тимот на Атланта со 128-115.

ПретходноЛапорта: Мбапе ќе ја наруши атмосферата во Реал
СледноУкраинец од 100 милиони евра ги провоцираше Босанците, од трибините доби одговор (ВИДЕО)