Лапорта: Ќе го чекаме Чави до крај, не преговараме со ниту еден друг тренер

189

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека Барса во моментов не преговара со ниту еден тренер.

„Навистина ми се допаѓа Луис Енрике, тој има карактер, тој е многу добра, многу независна личност, ми се допаѓаат такви луѓе. Но, ние досега не сме комуницирале со Луис ниту со некој друг, затоа што го почитуваме Чави. Јас ќе ви кажам дека кој сака да дојде во Барса мора да почека до последен момент, бидејќи нема да допреме ништо додека Чави не донесе одлука. Доколку реши да замине, тогаш оние кои навистина сакаат да и се приклучат на Барса ќе мора да почекаат. И ќе чекаат. Ако не чекаат, ништо нема да се случи“, изјави претседателот на Барселона.

ПретходноМиовски: Требаше да го затвориме мечот со втор гол
СледноЕнрике до фановите на Барса: Донирајте пет милиони евра и ќе го седнам Мбапе на клупата