По денешното реми со селекцијата на Молдавија (1:1) на првиот од дват апланирани пријателски дуели во Анталија, селекторот Благоја Милевски даде своја оценка на мечот.
„Можам само да им честитам на играчите за желбата за сето она што го покажаа и за сите шанси кои ги направија. За жал не искористивне барем уште една од 5-6 изгледни шанси за гол. Видовме прекрасен гол од противникот и тоа од нивниот прв шут во рамките на нашиот гол. И пред мечот реков дека ќе им дадеме шанса на некои играчи кои ќе видиме како се однесуваат на некои поинакви позиции од она што го играат. Може да се каже дека сум делумно задоволен, но има простор за да исправаме некои работи кои не сме ги планирале како што треба. Сакам да бараме решение за некои позциии кои ни се проблематични во моментов. Барди има проблем со повреда и работеше со намален интензитет. Моравме да го исконтролираме за да не дојде до поголема повреда“, изјави Милевски.