Во 15.30 часот во Анталија нашата најдобра репрезентација ќе одигра пријателски меч со Молдавија. На нешто повеќе од еден час до мечот, селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав.
Во него се Димитриевски, потоа Илјазовски, Мислиу и Серафимов како стопери, десно и лево се Чурлинов и Алиоски, а во средниот ред Барди, Елмас и Атанасов.
Додека во нападот се М. Ристовски и Миовски.