По првите 45.минута на пријателската во Анталија, во која се среќаваат Македонија и Молдавија, нашата репрезентација води со 1:0 и тоа со голот на Бојан Миовски во 45.минута.
Барди силно шутираше, голманот Раилеан ја одби таа топка, натрча Миовски и ја смести топката во мрежата за наше водство.
Нашите момци во 24.минута преку Елмас можеа да поведат, имаа уште две закани, на другата страна Молдавците еднаш се заканија. Типично за еден класичен пријателски натпревар, сепак на пауза заминавме со водство и тоа заслужено.