Селекторот на Словенија по ждрепката: Не смееме да ги отпишеме Македонците!

570

Македонската ракометна репрезентација за противници во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година ќе игра против Словенија, Литванија и Естонија. Нашиот најголем предизвик ќе биде селекција на Словенија, која ќе биде голем фаворит во пресметките со „црвено-жолтите“.

Словенците се задоволни од ждрепката, но потенцираат дека не смее да се потцени нашата селекција.

„Во ждрепката избегнавме некои екипи од вториот шешир, кои дефинитивно се повисоко рангирани од Македонија. Но, тоа не значи дека можеме едноставно да ги отпишеме Македонците. Екипите од третиот и четвртиот шешир носат малку комплицирани патувања, но можеме да бидеме задоволни од ждрепката. Ние сме фаворити во групата, но оваа улога ќе треба секојпат да ја оправдаме со настап на теренот“, изјави селекторот Урош Зорман.

Македонија квалификациите ги отвара во октомври против Естонија на домашен терен и против Литванија на гости. Со Словенците играме во март две средби, дома па на гости.

ПретходноЈакимовски и Вашингтон во втората рунда од плеј-офот во НЦАА-лигата
СледноОбрадовиќ: Хезоња дава тројки од „автомобил“