„Новиот Пеле“, вака го нарекуваа 40-годишникот во тинејџерските денови.
Наместо да стане наследник на својот голем претходник, некогаш славниот фудбалер на Сантос, Реал, Манчестер Сити, Милан и бразилската репрезентација, за која одигра 100 натпревари, сега е засрамен и однесен на отслужување казна од девет години во затвор за брутално групно силување на 22-годишна девојка. Злосторството се случило на 22 февруари во ноќен клуб во Милано, а освен Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко, девојката ја силувале уште четворица мажи. Силувањето траело меѓу 30 и 50 минути во соблекувалната на ноќниот клуб.
На интернет се појавија видео-записи од апсењето и неговиот транспорт до затвор.