Струмица ја доби драмата во пет сета против Работнички за финале во Купот

150

Одбојкарките на најдобриот тим сезонава во женската Прва лига, Струмица, се прв финалист во женскиот Куп на ОФМ 2024, откако вечерва во полуфиналето во вистинска драма со 3:2 славеа над големиот ривал Работнички.

СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 3:2 (24:26, 24:26, 25:22, 25:17, 15:13)

Струмичанки се вратија од „мртвите“, откако Работнички со неверојатна завршница ги доби првите два сета. Струмица и во првиот и во вториот сет имаше одличен почеток и голема предност која на моменти изнесуваше и +5 поени, но упорните одбојкарки на Работнички успеваа да се вратат во игра и на крајот на двапати со по 26:24 да дојдат до предност од 2:0 во сетови.

Струмица ги среди редовите и успеа во следните два сета добриот старт и предноста да ја задржи до самиот крај. Третиот сет Струмица го доби со 25:22, а четвртиот со убедливи 25:17.

Драмата продолжи во петтиот решавачки сет. Работнички влезе со предност во последните неколку поени, но Струмица успеа со серија од 3:0 да дојде до 15:13 и до победа и пласман во неделното финале, каде за противник ќе го има победникот од мечот меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј.

ПретходноЕнрике до фановите на Барса: Донирајте пет милиони евра и ќе го седнам Мбапе на клупата
СледноАтанасов: Одигравме машки, но за жал не успеавме да победиме