Шоу на Дончиќ и Ирвинг: Словенецот се „нурна“ на подот, фановите во „транс“ (ВИДЕО)

4300

Лука Дончиќ ги предводеше Далас Маверикс до третата последователна победа, седма во последните осум натпревари, против Јута Џез 113:97. Овој пат не оствари трипл-дабл, застана на 34 поени, девет скока и осум асистенции, но и четири украдени топки, што е една помалку од учинокот во кариерата.

Тој украде една топка во третата четвртина, а потоа се фрли на подот, му асистираше на Кајри Ирвинг, кој наместо да ја забие топката се одлучи оваа акција да ја зачини со нова асистенција до Дерик Џонс Јуниор. На моменти минатата ноќ, Маверикс изгледаа како Лејкерс од времето на Меџик Џонсон.

И не е само ова, Дончиќ беше креатор на бројни акции…

 

ПретходноСтоилковска запрена во четвртфиналето во Египет
СледноСтартува новиот ФИБА проект „Заедно до У16“