Италијанската легенда Леонардо Бонучи најверојатно на лето ќе се врати во Серија А. Во моментов 36-годишниот дефанзивец е дел од турскиот гигант Фенербахче.
Неговиот договор е до крајот на сезоната, а според локалните медиуми интерес за него има од Џенова. И самиот фудбалер претпочита да се врати во татковината.
Бонучи дојде во Фенербахче во јануари од Унион Берлин.