Грчевски со пет нови имиња во женскиот национален тим за претстојните мечеви

256

Во април женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ги одигра дуелите со Азербејџан и Литванија, а селекторот Кристијан Грчевски го објави поширокиот список.

На него има дури пет измени во однос на претходниот собир. Во сениорскиот тим повикани се Мифтари, Кралева, Миленкоска Гошевска и Трпеска. Од претходниот список отпаднаа неколку имиња, а најзвучно е отсуството на Сања Дабевска.

Селекцијата на Македонија прво гостува во Азербејџан (на 3 Април). Четири дена подоцна девојките на Грчевски ќе ја дочекаат Литванија, во натпревар кој ќе се одигра во 18:00 часот во Скопје.

ПретходноПознат е стартниот состав: Македонија во нападот со Миовски и М. Ристовски! (ФОТО)
СледноРедно беше: По дебаклот во Москва конечно и медиумите во Србија “удрија“ по Пикси!