Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Виртус со 94:79 и стигнаа до 11. триумф во Евролигата, благодарение на маестралните партии на Недовиќ и Теодосиќ.
Иако ги загуби последните шест натпревари во Евролигата, Црвена звезда, сепак, најде сили пред преполната арена да им донесе победа на своите фанови.
Немања Недовиќ беше феноменален со 25 поени, од кои 16 постигна во третиот период, а фантастичен беше и ветеранот Теодосиќ кој со 11 поени и 9 асистенции ја предводеше Звезда до победата, а беше најдобар во најважните моменти, постигнувајќи тројки, делејќи асистенции, а на крајот ги натера навивачите да го испратат од теренот со овации.
Екипата на Монако оствари нова победа на домашен терен, 20-та сезонава. Французите славеа против Валенсија со тесни 79:78.