Лапорта: Мбапе ќе ја наруши атмосферата во Реал

259

Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната. Иако нема официјална потврда, се чини веројатно дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. За тоа пишуваат шпанските и француските медиуми, но и експертите за трансфери како Фабрицио Романо, кој веќе ја објави финансиската страна на зделката. Сето ова го коментираше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

Францускиот фудбалер ќе добие 100 милиони евра за потпис на договорот, а притоа ќе зема 24 милиони евра заедно со дополнителни бонуси. Сето ова може да има негативни последици за тимот од Мадрид, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во коментар за евентуалниот договор со Реал.

„Воопшто не му завидувам на Реал, а освен тоа, сè уште не ни знаеме дека ќе потпише за нив. Ќе видиме… Но, во тој случај, тие имаат проблем. Тие ќе мираат да продадат некого за да го добијат, нели? И нема да можат ниту Мбапе и Винисиус да играат на иста позиција нели? Да не зборувам за сумите што се спомнуваат. Сигурен сум дека ќе ја наруши атмосферата во соблекувалната на Реал“, изјави Лапорта.

ПретходноНов трипл-дабл за Србинот: Јокиќ повторно во епизодата не постои невозможно (ВИДЕО)
СледноИ Лука Дончиќ делеше лекции во НБА-лига (ВИДЕО)