Денеска од 15:30 часот на теренот на спортскиот комплекс “Мардан“ во Анталија, нашата најдобра репрезентација во пријателски меч ќе ги одмери силите против Молдавија. Репрезентација која не смее да се потцени иако е далеку од врвот на евроскиот фудбал. Репрезентација која во последно време бележи добри резултати.
Сепак избраниците на селекторот Благоја Милевски се во улога на фаворити, ова ќе биде прв меч за нашите момци во оваа 2024 година, исто ова ќе биде, заедно со дуелот со Црна Гора за три дена, убава увертира за тоа што допрва следува, а тоа е настапот во Лигата на Нации.
Самиот селекктор изјави дека е задоволен од тоа како се работеше во изминатите денови во Анталија, дека оваа средба ќе послужи и на воигрување на тимот преку пробување на неколку тактички варијанти. Оваа пријателска доаѓа по пауза четири месеци по она реми со Англија во Скопје.
Самиот капитен Енис Барди вчера на пресот изјави дека тој и неговите репрезентативни соиграчи се среќни што повторно се заедно и дека кога станува збор за Македонија нема пријателски средби. На сите мора да се даде максимумот и на сите да се оди на победа.
Кога сме кај трацијата, односно кај мечевите со Молдавија во минатото, досега со оваа селекција сме се сретнале три пати и на сите било нерешено.
Последен пат во 2009 година, исто во Анталија беше 1:1. Претходно во квалификациите за СП 2002 година дома одигравме 2:2 а на гости 0:0.
Токму затоа Македонија ќе атакува на својата прва победа на дуелите со Молдавија.