Фрајбург ќе го предводи 38-годишен екс-играч на клубот

324

Поранешниот фудбалер на Фрајбург, Јулијан Шустер ќе ја преземе улогата на прв тренер на овој клуб по завршување на актуелната сезоната. Се работи за 38-годишен фудбалер кој поголем дел од кариерата ја помина во Фрајбург, а во летото 2018 година ги закачи копачките на клинец и од тогаш работи во клубот во секторот за развој на фудбалери.
Шустер нема никакво искуство како тренер, а ќе седне на столчето кое ќе го напушти Кристијан Штрајх по завршување на сезоната.
По 26 кола Фрајбург има 33 бода и е на деветтото место на табелата во Бундес лигата.

ПретходноРедно беше: По дебаклот во Москва конечно и медиумите во Србија “удрија“ по Пикси!
СледноГут-Бехрами го освои малиот кристален глобус и во велеслаломот