Фудбалер – крал на дрогата осуден на 13 години затвор

493

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Кесиди (46) е осуден на 13 години и три месеци затворска казна поради трговија со дрога. Како што пишува „Скај њуз“, Кесиди во „пеколот на дрогата“ го вовлекол неговиот брат Џонатан Кесиди (50) кој себе си се нарекува „европскиот Ел Чапо“.
Според пишувањата на британските медиуми, тие увезувале кокаин од Јужна Америка во Англија и тоа преку Амстердам, а успеале во периот од три месеци да свртат и по 35 милиони евра што доволно зборува за колку сериозна криминална група се работи. Џонатан добил 22 години затвор.
Џејмс Кесиди играл во младите категории на Ливерпул заедно со Мајкл Овен и Стивен Џерард, а за разлика од нив двајца не направил кариера поради тешка повреда на лигаментите на коленото, а потоа и скршеница на ногата. Играл уште за Кембриџ јунајтед, Кембриџ сити, Нортич и Барскоу.
Инаку двајцата паднале во полицијата во 2020 година, а од тогаш им се суди.

ПретходноМЗТ беше пред победа, но ја испушти во финишот
СледноМилевски: Штета што не реализиравме уште некојa шанса