Рускиот национален фудбалски тим ја совлада селекцијата на Србија со 4:0 во пријателски меч. А по мечот, крилниот фудбалер на Шахтјор Доњецк, Кусрав Тоиров кликнал лајк на објава на руските медиуми во врска со резултатот и извештајот од натпреварот. Подоцна, играчот од Таџикистан го тргнал лајкот и го тргнал рускиот медиум од групата на омилени профили но предоцна бидејќи претходно го забележале од Шахтјор.
Клубот го казни фудбалерот со едномесечна плата, според „Фудбал 24“, се работи за 300 000 украински гривни или околу 7100 евра.
„Шахтјор ја виде реакцијата на Тоиров на социјалните мрежи поврзана со победата на државата агресор. Сметаме дека е неприфатливо и срамо однесување. Фудбалерот е казнет парично, а парите ќе бидат уплатени на сметка на војската на Украина“, соопштија од Шахтјор.