Верстапен најбрз во квалификациите, со победа во Австралија ќе го израмни својот рекорд

122

Макс Верстапен (Ред Бул), лидерот во поредокот во Формула 1, од стартната позиција ќе ја започне неделната трка за Големата награда на Австралија. Трикратниот актуелен светски шампион на патеката во Алберт Парк стигна до 35-та пол-позиција во кариерата.

Доколку победи во недела, Верстапен ќе го израмни неговиот рекорд по последователни победи. Во 2023 година славеше на десет трки по ред, соборувајќи го рекордот на Германецот Себастијан Фетел, кој имаше девет победи во низа во 2013 година.

Холанѓанецот заврши пред Карлос Сајнц од Ферари, додека третото место му припадна на Серхио Перез.

ПретходноДани Алвеш не успеал да собере пари за кауција – останува во затвор
СледноСаутгејт откри дали ќе го превземе местото на Тен Хаг во Јунајтед