Германците заиграа како што треба – совладана е Франција во Лион

1138

Репрезентацијата домаќин на ЕП, Германија ја совлада селекцијата на Франција со 2:0 на стадионот во Лион и со тоа ја прекина низата од три меча без победа, односно два порази по ред.

По ремито со Мексико (2:2) и поразите од Турција (2:3) и од Австрија (2:0) и острите критики за играта и за работата на селекторот Јулијан Нагелсман, конечно, селекцијата на Германија одигра како што треба и забележа победа против силна репрезентација.

Уште во седмата секунда на асистенција на повратникот Тони Крос, фудбалерот на Леверкузен, Флоријан Вирц со шут од далечина го совлада францускиот голман. Францизите имаа можност да изедначат преку Дембеле и Рабио меѓутоа двајцата не успеаја.

ГОЛОТ НА ВИРЦ ОВДЕ

На стартот на второто полувреме Мусиала избегна офсајд стапица, го помина и голманот му асистираше на Хаверц кој без проблем ја смести топката во мрежата за 2:0.

ГОЛОТ НА ХАВЕРЦ ОВДЕ

Имаа Германците уште неколку шанси, прво преку Мителштат чиј шут го одбрани францускиот голман.
Во финишот имаа шанси дебитантот Дениз Ундав и Никлас Филкруг. Во првиот случај голманот одбрани, во вторниот Германецот со глава шутна преку голот.
На крајот победа за Германија.

Французите во вторник ќе играа пријателска со Чиле, а Германците со Холандија.

 

ПретходноЛиверпул му го исполни сонот на Ериксон
СледноДрамата во Кавадарци за Чаир