Хрват за можноста да му биде тренер на Миовски: Абердин? Па, таму постојано врне дожд, тоа не е добро за мојата фризура!

276

Ријека под водство на страгегот Жељко Сопиќ оваа сезона во ХНЛ игра фантастично. Ништо чудно ако овој тим на крајот ја заврши сезоната пред гигантите Динамо и Хајдук и одново, по само неколку години, ја освои титулата во Хрватска.

Сепак во последно време медиумите во таа земја најавуваат дека Сопиќ би можел да го презеде тимот на Абердин, тим во кој еден од најдобрите играчи е Македонецот Бојан Миовски.

За можноста да седне на клупата на култниот шкотски клуб, Сопиќ малку се пошегува на своја сметка:

Абердин? Па, таму постојано врне дожд, а тоа не е добро за мојата фризура!“.

Инаку Сопиќ е ќелав, па од таму е шегата.

ПретходноПред Белингем, Левандовски, Винисиус: Сите се чудат дека токму тој е најплатениот во Ла Лига!
СледноЗидан повторно на “Бернабеу“, Касиљас со 42 години фантастичен на голот…(ФОТО+ВИДЕО)