Макс Верстапен (Ред Бул), лидерот во поредокот во Формула 1, од стартната позиција ќе ја започне неделната трка за Големата награда на Австралија. Трикратниот актуелен светски шампион на патеката во Алберт Парк стигна до 35-та пол-позиција во кариерата.
Доколку победи во недела, Верстапен ќе го израмни неговиот рекорд по последователни победи. Во 2023 година славеше на десет трки по ред, соборувајќи го рекордот на Германецот Себастијан Фетел, кој имаше девет победи во низа во 2013 година.
Холанѓанецот заврши пред Карлос Сајнц од Ферари, додека третото место му припадна на Серхио Перез.
QUALIFYING CLASSIFICATION
A superb effort from Carlos Sainz in his comeback weekend following surgery#F1 #AusGP pic.twitter.com/w0h0rfpjxR
— Formula 1 (@F1) March 23, 2024