Некогаш беше мега – ѕвезда, еден од најдобрите фудбалери во светот. Играше за Сантос, Реал Мадрид,Манчестер Сити, Милан, беше член на репрезентацијата на Бразил и заработуваше тешки милиони.
Ама сега ќе мора да отслужи затворска казна во времетраење од 9 години. Познато е дека тој е осуден на затворска казна поради силување, и според медиумите во Бразил некогашната мега – ѕвезда е веќе во еден од најзлогласните затвори во светот.
Истиот се наоѓа во бразилската држава Пернамбуко во кој се сместени околу 30.000 затвореници, а капацитетот му е само 10.000.
Во него Робињо го чека пекол, тука својата затворска казна ја служат најголемите криминалци во Бразил, сериски убијци, нарко босови, силувачи, па дури и канибали.
Инаку се говори дека годишно во меѓусебни пресметки во просек се убиваат по 150 затвореници.