Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување, не успеа да собере еден милион евра за кауција во предвидениот рок и ќе мора да остане во притвор најмалку до понеделник. Во средата судот во Барселона одлучи да му дозволи на Алвеш да се брани од слобода во жалбената постапка и одреди кауција од еден милион евра.
Меѓутоа, бидејќи правните застапници на 40-годишниот бразилски фудбалер не успеале да ја наплатат и платат таа сума до дадениот рок (петок, 14 часот по средноевропско време), Алвеш овој викенд ќе го помине зад решетки, а најрано може да биде излесе во понеделник.
Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затвор, кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Барселона. И покрај долгата и исполнета кариера со трофеи во која играше за некои од најдобрите и најбогатите европски клубови, како што се Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен, Дани Алвеш се чини дека нема доволно заштеди за да ја покрие сумата за кауција.
На 22 февруари годинава Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада жена, што според нејзината изјава се случило ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќен клуб во Барселона.
Ниту една страна не е задоволна од ваквата одлука на судот, бидејќи бразилскиот фудбалер тврди дека е невин, а обвинителството побарало многу построга, деветгодишна затворска казна. Двете страни најавија дека ќе се жалат на пресудата.