Драмата во Кавадарци за Чаир

203

Еуро Никел и Чаир одиграа драматичен меч, победникот беше решен после продолжение по кое гостите славеа со 93-94. Далгер е херојот на Чаир, постигна два поени и го постави конечниот резултат на оваа средба.

Претходно на 20 секунди до крајот, Соколов постигна тројка и донесе 93-92, се чинеше дека кавадарчани ќе успеат да дојдат до бодовите, но гостите успеаја да поентираат, на другата страна Меквин се обиде со тројка да донесе пресврт, но не беше прецизен.

Галовеј со 30 поени беше лидер кај победникот, додека херојот Далгер мечот го заврши со 20 поени. Добра партија пружи и Какруки, постигна 22 поени. Кај Еуро Никел Дубински имаше 28 поени, додека Соколов 21 поен.

ПретходноГерманците заиграа како што треба – совладана е Франција во Лион
СледноКаков кам-бек: Сајнц од операциски стол до победа во Мелбурн, на Макс му се запали болидот