Два тима се пласираа на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија, додека останатите два патници ќе бидат познати во текот на утрешниот ден. Први до место во полуфиналето стигнаа Пелистер и Тиквеш.
Во дерби мечот од групата 4, Пелистер благодарение на одличната игра во второто полувреме успеа да дојде до победа против ГРК Охрид со 25-32. Охриѓани беа организатори на турнирот во оваа група.
Во првото полувреме гледавме изедначена битка со тоа што минималната предност ја имаа битолчани, на одморот заминаа со резултат 16-18. Кузмановски постигна осум гола кај победникот, на другата страна Цирар имаше шест погодоци.
Тиквеш ја оправда улогата на фаворит во групата 1, во финалето го совлада младиот состав на Мулти Есенс со 28-32.
Финале ќе играат Алкалоид и Бутел Скопје. Македонскиот вицепрвак го совлада Вардар Неготино со 48-28, додека пак Бутел Скопје беше подобар од Струга со 48-28.
Во групата 3 ќе играат Голден Арт и Вардар. Вардар денеска славеше против Радовиќ со убедливи 21-42, се очекува и утре да ја оправда фаворитската улога.
Група 1
Пелистер 2 – ГРК Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Финале: Мулти Есенс – Тиквеш 28-32
Група 2
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
Финале: Бутел Скопје – Алкалоид
Група 3
Пролет – Голден Арт 22-23
Радовиш – Вардар 21-42
Финале: Голден Арт – Вардар
Група 4
ГРК Охрид – Скопје 40-24
Пелистер – Куманово 40-21
Финале: Охрид – Пелистер 25-32