Ливерпул му го исполни сонот на Ериксон

1702

Во периодот кога е паузата за репрезентациите, Ливерпул игра пријателски натпревари. А денеска беше одигран меч меѓу легендите на Ливерпул и Ајакс, а тренер на премиерлигашот беше легендарниот Свен-Горан Ериксон кој неодамна откри дека има рак.

Ериксон призна дека животен сон му бил да го предводи Ливерпул, па гигантот од „Енфилд“ го изненади, а навивачите го поздравија со аплауз.

За Ливерпул играа Џерард, Дудек, Хипија, Шкртел, Макси Родригес, Бишчан, Агер, Кајт, Литманен, Рајан Бабел, Фернандо Торес…
За Ајакс Ван дер Варт, Винтер, Блинд, Кану, Роналд Де Бур…

Ајакс водеше со 2:0, а Ливерпул победи со 4:2.

ПретходноПретседателот на Барселона откри: Одбивме 200 милиони за Јамал
СледноГерманците заиграа како што треба – совладана е Франција во Лион