Мото ГП: Вињалес победи во спринтот за ГН на Португалија!

69

Во спринтот во Мото ГП за ГН на Португалија, победи Маверик Вињалес на Априља. Интересно, подиумот во целост беше шпански зошто втор заврши Марк Маркес од тимот на Гресини, додека третото место го освои Хорхе Мартин на Прамак.

Ова да се случи “најзаслужен“ беше Франческо Бањаја кој направи кикс на четири круга до крајот. Имено тој беше убедливо на водечката позиција, но направи кикс а потоа излета од патеката и со тоа го загуби водечкото место. Сепак Пеко на крајот заврши како четврти. 

Утре од 15 часот на програмата е трката за ГН на Португалија на патеката Алгарве.

ПретходноПријателски: Воска го понижи Пелистер среде Битола, Брегалница убедлива со Кожув!
СледноШтом ПСЖ или Реал испаднат од ЛШ, Килијан Мбапе ќе објави дека е нов “крал“!