И дефинитивно нема плеј – оф за Пелистер. Во маратонски меч, кој траеше повеќе од два часа, од последното 13.коло во АБА 2, денеска во Широки, тимот на Пелистер беше поразен од Спартак со 81:88.
И ова е крај на сите надежи на битолчани дека сепак ќе се “протнат“ меѓу тимовите во АВА 2 кои ќе играат плеј – оф. Тука Пелистер го заврши својот настап сезонава во оваа конкуренција.
Во првата четвртина се играше релативно израмнето, на крајот беше 16:18, значи оваа четвртина ја доби составот на Спартак. Но затоа во втората четвртина на кошаркарите на Пелистер ништо не им поаѓаше од рака, а Спартак само го полнеше кошот на битолчани па на пауза се замина со резултат 31:47.
Продолжи Спартак со добра игра и во третата четвртина, имаше и водство од +20 поени. Но тогаш Магдевски се разигра во овој период од играта постигна 16 поени од тие 29 на Пелистер и битолчани дојдоа на 60:66, беа во минус само со 6 поени.
Беше и 66:70 во последната четвртина, Пелистер се чини тргна на се или ништо. Се обидуваше уште повеќе да ја намали разликата, но сепак на 6 минути до крајот тимот од Суботица имаше +7 или 66:73.
На четири минути до крајот имаше и +10. Четата на стратегот Дарко Радуловиќ никако не успеваше да ја намали разликата.
Но, на 2.30 минути до крајот Пелистер сепак успеа да дојде до -5. Пелистер уште беше во “игра“.
Сепак на крајот резултатот гласеше 81:88.
Најефикасни во таборот на Пелистер беа Магдевски со 24 поени и Плаиниќ со 17 поени.