Пелистер во небрано, и со победа „виси“ за плеј-оф!

155

Екипата на Пелистер е во тешка ситуација на денешниот последен меч од турнирот во АБА2-лига. Битолчани по поразот во минатото коло од Подгорица и со победа против лидерот Спартак може да остане без посакуваното место во плеј-офот.

Борац Бања Лука ја искомплицира целата ситуација на Пелистер, откако славеше против Сутјеска со 83-75.

Останува битолчани да го одиграат најдобриот меч до сега, па дури потоа да се види дали тоа ќе биде доволно за историски чекор во ова натпреварување. Мечот е закажан во 12 часот.

Покрај Пелистер денеска игра и ТФТ, кој за противник го има составот на Шибеник, натпреварот се игра во 18 часот.

ПретходноАргентина и без Лионел Меси убедлива
СледноХари Кејн на трибините, после Бразил се враќа во Германија