Пријателски: Воска го понижи Пелистер среде Битола, Брегалница убедлива со Кожув!

1426

Попладнево на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, екипата на Воска предводена од стратегот Срѓан Захариевски во пријателски меч со 0:3 просто го понижи домашниот Пелистер. Ова значи дека Захариевски и тоа како “удри“ против својот некогашен клуб каде беше тренер. Стрелци на головите беа Јахја во првиот дел а во второто полувреме срелаа Марушиќ и Бајрам.

Иако Пелистер е второлигаш, иако Воска е член на ПМФЛ, и иако станува збор за пријателски меч ова е резултат кој фановите на Пелистер секако дека не го очекуваа.

Во Штип пак домашната Брегалница со 4:0 го победи второлигашот Кожу.. Стрелци на головите беа Пепи Ѓорѓиев два и по еден на Колин Андерсон и Канформ.

ПретходноПријателски: Тиквеш го декласира Детонит, Силекс ги победи “лавовите, Шкупи убедлив со Арсими…
СледноМото ГП: Вињалес победи во спринтот за ГН на Португалија!