Македонија и во четвртиот меѓусебен меч во својата историја ремизираше со Молдавија, и тоа вчера во пријателски меч во Анталија.
Милан Ристовски беше стартер, го започна натпреварот со Молдавците, но не успеа да се најде во шанса евентуално да го загрози голот на противникот:
“Мислам дека одигравме добар натпревар, домиравме во поголемиот дел од средбата вчера со Молдавија. Имавме и цодство, сепак за жал по едно наше невнимание примивме гол и на крајот беше 1:1. Црна Гора е квалитетен противник, не чека тежок натпревар. Треба да бидеме на повисоко ниво на тој меч. Јас како и секогаш сум самокритичен и сметам дека може да се даде повеќе. Со Молдавија требаше да постигнеме барем уште еден гол и тогаш сигурно ќе стигневме до победата“ изјави Ристовски.