Серафимов: Се покажа дека Молдавија не е наивен противник, против Црна Гора одиме на победа!

142

Вчера во Анталија, во пријателски меч, нашата најдобра репрезентација одигра 1:1 против Молдавија. Веќе во понеделник, исто така во Анталија, се среќаваме со Црна Гора.

За тоа како го коментира мечот со Молдавците а и за дуелот со Црногорцте свој коментар има нашиот дефанзивец Никола Серафимов.

Тежок натпревар беше тоа со Молдавија. Ние знаевме уште пред оваа средба дека Молдавија не е наивен противник. Голот го постигнавме на време, беше тешко да се пробие нивниот блок. Второто полувреме исто го отворивме добро, имавме неколку шанси за 2:0. Потоа по онаа непишано фудбалско правило казната стигна“ посочи Серафимов и продолжи…

Нема за што да жалиме. Овој меч не беше за бодови. Знаеме дека нема пријателски мечеви, и за тоа треба да жалиме од тој аспект зошто не издржавме до крај и не го добивме натпреварот. Треба да се подигне нивото во нашата игра, посебно на концентарцијата и фокусот во текот на сите 90.минути. Имаме неколку мечеви пад во концентрацијата, тоа ни се повторува. Токму во тие моменти примаме голови. За наредниот меч со Црна Гора да кажам дека одиме на победа. Ќе направиме анализа, добро ќе се подготвиме“ заврши Серафимов.

ПретходноКако изгледаме во очите на другите: Македонија е редовен учесник на европските и светските првенства
СледноРистовски: Против Црна Гора мора да се одигра подобро!