Колумбискиот фудбалер Гилјермо Денис Белтран почина денеска на 24-годишна возраст, на тренинг на неговиот боливиски клуб Реал Санта Круз.
Клубот соопшти дека Белтран починал од респираторна инсуфициенција, а неговите соиграчи рекоа дека почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја. Клупските лекари повикале брза помош, која се обидела да реанимација, но безуспешно.
Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија, Фернандо Коста изрази сочувство до семејството и порача дека ќе го поддржи клубот и семејството на Белтран. Тој додаде дека ќе се спроведе истрага.
Белтран минатата година пристигна во Санта Круз, постигна еден гол на 21 натпревар.