У-19 елитни квалификации: Македонија на мегдан со Швајцарија

204

Денеска со мечевите од 2.коло продолжуваат елитните квалификации за пласман на У-19 ЕП 2024 во С. Ирска. Познато е дека турнирот во групата – 7 се игра во Скопје.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски и денеска ќе имаат тежок противник, а тоа е селекцијата на Швајцарија. Овој меч се игра на ФФМ од 14 часот. По убедливиот пораз од Украина на стартот, У-19 селекцијата на Македонија денеска мора да победи ако сака колку толку да ги задржи шансите за пласман на на ЕП. Во случај на реми или пораз тогаш е јасно дека за нас се ќе биде готово и дека мечот со Летонија во последното коло ќе биде само дуел без никакво значење.

Швајцарците на стартот славеа со Летонија, но не така лесно. Имено тие со гол во 90.минута освоија големи три бода. Имаме силен противник против себе, но имаме и верба дека со својот квалитет можеме да дојдеме до позитивен резултат денеска на теренот на тренинг центарот на ФФМ.

Другиот меч од 2.коло во групата – 7 во овие елитни квалификации меѓу Украина и Летонија се игра во исто време, во 14часот, и тоа на стадионот во Ѓорче Петров.

ДЕНЕСКА – 14:00 Ч

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

УКРАИНА – ЛЕТОНИЈА

ТАБЕЛА

1.УКРАИНА 3

2.ШВАЈЦАРИЈА 3

3.ЛЕТОНИЈА 0

4.МАКЕДОНИЈА 0

ПретходноСаутгејт откри дали ќе го превземе местото на Тен Хаг во Јунајтед
СледноАргентина и без Лионел Меси убедлива