Заврши сонот на нашата У-19 селекција дека ќе успее да избори настап на ЕУРО 2024 кое ова лето ќе се одржи во С. Ирска. Нашите надежи попладнево на теренот на ФФМ, во меч од 2.коло во елитните квалификации за ЕП во групата – 7, беа поразени од Швајцарија со 0:2. Па така по поразот од Украина на стартот од турнирот во Скопје пред три дена, денеска избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени од Швајцарија со што и дефинитивно ги загубија сите шанса за историски подвиг.
Гостите беа подобри, постигнаа два гола преку Лиги во 12.минута и Бенеј во 80.минута и заслужено победи и освоија три бода.
Селекторот Тони Јакимовски овој меч го почна со следните единаесетмина:
Јакимов, Аризанковски, Стојлевски, Џеков, Велков, Николовски, Зенделовски, Ѓорѓиовски, Каба, Величковски и Данев,
Играа уште и: Назифи, Алији, Мухтари, Цаноски, Серафимов.
На вториот меч од оваа група кој се играше во Ѓорче, селекцијата на Украина со 3:0 успеа да ја победи Летонија.
Во вторник во рамките на 3.коло нашите надежи ќе ги завршат овие елитни квалификации со меч против Летонија, додека во битка за прво место во групата, а со тоа и пласман на ЕП ќе се сретнат Украина и Швајцарија.
РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО – ГРУПА 7
МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:2
УКРАИНА – ЛЕТОНИЈА 3:0
ТАБЕЛА
1.УКРАИНА 6
2.ШВАЈЦАРИЈА 6
3.ЛЕТОНИЈА 0
4.МАКЕДОНИЈА 0
НАТПРЕВАРИ 3.КОЛО (26.03.2024)
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА
УКРАИНА – ШВАЈЦАРИЈА